Затворени вентилите на браната „Кнежево“

Bez autora
Jul 19 2010

Денеска официјално беа затворени вентилите на браната „Кнежево“ од која со вода за пиење треба да се снабдуваат 100.000 жители од Источна Македонија. Но, полнењето на браната нема да значи и автоматско полнење на сметката на ХС „Злетовица“. Признаваат дека пари за првата рата од кредитот вреден 70 милиони евра немаат, првата рата ќе ја плати државата. Бидејќи се уште не остваруваме приходи, нормално е дека Владата ќе субвенционира. Во буџетот се предвидени средства за плаќање на ануитетот. Засега ниту една од општините која треба да купува вода од „Злетовица“ нема изградено соодветна филтер станица. Но, тоа не е проблем за Министерот за земјоделство, Владата веќе барала начини да се најдат средства за нивна изградба, а во тек се и преговори за задолжување од дополнителни 56,5 милиони евра што ќе бидат потребни за наредните две фази.

Затворени вентилите на браната „Кнежево“Денеска официјално беа затворени вентилите на браната „Кнежево“ од која со вода за пиење треба да се снабдуваат 100.000 жители од Источна Македонија.

Но, полнењето на браната нема да значи и автоматско полнење на сметката на ХС „Злетовица“.

Признаваат дека пари за првата рата од кредитот вреден 70 милиони евра немаат, првата рата ќе ја плати државата.

„Бидејќи се уште не остваруваме приходи, нормално е дека Владата ќе субвенционира. Во буџетот се предвидени средства за плаќање на ануитетот“, вели Стојан Миланов, директор на ХС „Злетовица“.

Засега ниту една од општините која треба да купува вода од „Злетовица“ нема изградено соодветна филтер станица. Но, тоа не е проблем за Министерот за земјоделство, Владата веќе барала начини да се најдат средства за нивна изградба, а во тек се и преговори за задолжување од дополнителни 56,5 милиони евра што ќе бидат потребни за наредните две фази.

„Со втората фаза од изградбата на ХС „Злетовица“ планирано е да се наводнуваат 4.070 ха, а со третата фаза планирано е да се подобри енергетската состојба преку изградба на повеќе хидроцентрали по течението на река Злетовица“, рече Љупчо Димовски, Министер за земјоделство.

Хидросистемот „Злетовица“ од 2005-та се гради со јапонски кредит, што треба да се исплаќа во наредните десет години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik